Земјотрес со интензитет од 3,9 е регистриран во романскиот земјотресен регион Вранчеа.Ова го соопшти Аџерпрес, повикувајќи се на Националниот институт за геофизика.
Потресот се случил вчера утрото во 8.18 часот и бил на длабочина 131 километри. Во сеизмички регион Вранчеа во североисточна Романија, во декември имаше 15 земјотреси со интензитет меѓу 2,5 и 4,5 степени според Рихтеровата скала.Најсилниот земјотрес оваа година во зоната на Вранчеа беше на 22 ноември и имаше магнитуда 5,7 степени според Рихтеровата скала, потсетува Аџерпрес.