Зворник се уште е во шок по крвавиот настан во кој 60-годишниот Маринко Илиќ си ја уби сопругата и синот, Ружа и Драгиша.
Мајката и синот се погребани, а за нив се грижела сестрата на Ружа, откако починала нивната мајка.
– Несреќата ја насетив уште за Свети Јован, два пати ми се изгаси свеќата. Никогаш порано не ми се случило тоа. За трагедијата дознав од медиумите и бев шокирана, вели сестрата за Ало.рс.
Таа знаела дека Маринко е убиецот и воопшто не морала ни да го дочита текстот за да го сфати тоа. Вели дека цело семејство и го завил во црно и требало да лежи уште пред 20 години во затвор.
– На сите им викаше, ги навредуваше им се закануваше, тој монструм одамна требаше да е зад решетки, вели огорчената Мара.
Трагедијата се случи пред неколку денови кога мажот со нож си го уби семејството.