Северина збесна на малиот Кеба, и ја испразнил кредитната картичка


Проблемите во рајот на брачниот пар Северина и Игор Којиќ почнаа.

Иако се само пет месеци во брак, причината за караницата е што малиот Кеба сака да ги замеша прстите во менаџерскиот дел на кариерата на пејачката.igor-severina500

Иако Севе со години крај себе има човек од доверба, Томислав Петровиќ, сопругот упорно се труди да му ја преземе улогата.

-Караницата започна кога Северина сакаше да и купи скапоцен подарок на својата пријателка и сфати дека на картичката нема онолку пари колку што таа очекуваше. Иако картичката е на име на Северина, таа и нејзиниот сопруг Игор ја користат заедно. Таа почна да вика кога излегоа од дуќанот, а потоа расправијата доби друг тек. Севе го нападна Игор дека сака да и се меша во кариерата. Викаше дека луѓето од бендот и кажале дека почнал да се меша во менаџерската работа и дека сака да го истисне долгогодишниот соработник Томица. Таа му порача дека се занел во својата намера и дека таа нема да му го дозволи тоа – вели извор.

Игор беше фудбалски менаџер и веќе долго време ништо не работи, така да занимација во вид на кариерата на Северина добро би му дошла, но тоа се две различни работи, што тој изгледа не разбира.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1