Кралот на народната музика, Шабан Шаулиќ, бил избоден на настап во Виена.
– Влегов во ходник во кој имаше светло. Ме повлекоа за рака. Почувствував нож во грбот. Среќа е што не погодија некој нерв, вели Шабан.
Пејачот додава дека биле двајца насилници од кои едниот го удрил со боксирач. Шабан лежел крвав на земјата.
Набрзо дошла итна помош и повредите му биле веднаш санирани.