Шабан Шаулиќ (64) од својата куќа ја истерал својата ќерка 38-годишната Илда Шаулиќ, која исто така е пејачка.
Како што пренесуваат медиумите во регионот, пејачот купил куќа во елитната белградска населба Дедиње, во близина каде што неговата ќерка Илда има стан. Кога се преселиле во таа куќа, Илда поминувала повеќе време кај нив дома отколку во својот стан.
Пејачката наводно била многу нервозна и постојано плачела, Шабан тоа го забележал, и кога ја прашал која е причината за нејзиното депресивно расположение, таа му признала дека е во врска со двојно постар партнер кој и прави љубоморни сцени па поради тоа постојано е нерасположена.
Шаулиќ како секој родител се обидел да ја утеши својата ќерка и да и посочи „ дека никој не е вреден за нејзините солзи, и дека ги има сите можности да живее како кралица“. Но се чини дека Илда не го послушала советот на својот татко и продолжила со своите емотивни испади, по што пејачот ја замолил да ја напушти неговата куќа и да не се враќа кај нив се додека не престане со таквото однесување.
По ова, Илда на своите пријатели наводно им признала дека нејзиниот татко и ги отоврил очите и дека никој нема право да и го уништува животот.
Илда пред една година призна дека дефинитивно му свртела грб на нејзиниот долгогодишен партнер , двојно постар од неа, поради тоа што сфатила дека имаат различни цели во животот.
За српските медиуми објаснила дека и ставила крај на врската со белградскиот бизнисмен со кој почнала да се забавува во нејзините рани 20-ти години, а со кој се разделувала неколку пати.
Пејачката наводно го оставила партнерот кога увидела дека не сакал да и ја исполни нејзината најголема желба, да се оствари во улогата на мајка.
За својата љубов која траела речиси 15 години, пејачката не зборувала многу, а со својот избраник никогаш не се појавувала на јавни настапи. За време на нивната врска тој бил официјално во брак, и има возрасни деца и внуци. Сето тоа не и претставувало проблем на пејачката доколку тој сакал да има дете со неа.