Шамар за Евровизија од Турција – не само што не учествуваат, прават своја Евровизија – Турковизија


Турција минатата година одлучи да не учествува на Евровизија и покрај големите долгогодишни успеси на натпреварите за најдобра песна во Европа бидејќи беше незадоволна од промените на правилата на гласање.

Нема да се натпреварува ни во 2014 година туку ќе основа свое шоу – Турковизија, на кое ќе учествуваат близу 20 земји кои историски или културолошки се поврзани со Турција. Наводно и БиХ би можела да биде меѓу поканетите земји.

Turkovizijalogo-300x225Станува збор за проект кој е многу сличен на Евровизија, на Турковизија ќе учествуваат 20 земји меѓу кои се автономните региони и покраини, како Република Татаристан во Русија или Република Крим, која припаѓа во Украина. Своето учество го потврди Азербејџан, а ќе бидат поканети Северен Кипар, Казахстан, Киргистан.

Полуфиналето на Турковизија е планирано на 19 и 21 декември, додека големото финале ќе биде одржано на 23 декември во Ескишехир.

Инаку, фестивалот Турковизија постои веќе подолг период. Право на учество на фестивалот имаат само песните напишани на турски јазик, затоа што целта на фестивалот е да се прошири влијанието на турискиот јазик.

Но, Турците планираат сега тој фестивал да го кренат на многу поголемо ниво и стане сериозна конкуренција на Евровизија.

– Турковизија не треба да се споредува со Евровизија. Тој феситал ќе има свое место во турскиот свет и ќе изгради свој бренд. Без оглед на тоа дали Турција ќе учествува на Евровизија или не, овој фестивал ќе оди напред и од година во година ќе биде се поголем“, изјави министерот за образование, Наби Авчи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1