Златна треска во Струмица – се бара скриено богатство


Во деновите на почетокот на декември 2009. година, струмичани живееја во златна треска. Една приказна ги стави во позадина сите актуелни случувања. Низ градот се зборуваше дека на некогашните турски гробишта било пронајдено скриено богатсво тешко еден тон.

Иако оваа приказна официјално никогаш не беше потврдена,   во чаршиските муабети можевте да слушнете  дека некој имотен Турчин, кој во средината на минатиот век живеел во Струмица, закопал големо богатсво на  турските гробишта пред да се исели во Турција , а скиците  ги оставил на своите потомци.  И таа златна треска ги занесе струмичани тој декември, посебно оние што мечтаеле  да  пронајдат скриено богаство.

994264_646632022014447_1610547787_n Како пред четири години на чаршиската вест  реагираа  „струмичките ловци на скриено богатство’’ и како изгледа дел од нивниот таен свет, откријте од анонимен извор за strumicacity.com

Најчесто се верува во оставнината на турските иселеници кои не можеле да го однесат целото свое богатство во Турција туку го закопувале во земјата. Инаку, најраширени предавања на овие простори се за богатството на Поп Мартин и Волчан Војвода.

Позната е легендата за Александар Македонски. Постојат приказни дека неговиот гроб  се наоѓа  на планината Беласица. Постојат легенди дека на овие простори се наоѓа подземен град Победа.

ОД АГОЛ НА ЗАКОНОТ: Трагањето по закопано богаство во Македонија се одобрува само со посебна дозвола и под одредени услови. Таканареченото трагањето по скриено богатство всушност е недозволено и е регулирано со Законот за заштита на културно наследство.

Доколку доброто случајно ќе биде пронајдено и не преставува културно наследство, пронаоѓачот има право на надоместок за направените нужни трошоци, како и на награда во висина од 15% од вредноста на стварта.

pirate_gold_poker_chips_1Доколку доброто преставува културно наследство и само во случај ако преставува случаен наод, пронаоѓач има право на награда и за таа цел се формира посебна комисија во Министерството за култура која проценува вредноста на предметот и висината на наградата, а некогаш и по пат на спогодба за пронаоѓачот. Значи, случаен наод  не може да преставува добро кое пронаоѓач свесно и со намера го присвоил за себе со незаконска активност (илегално ископување, кражба, и сл.)

Се што ќе биде пронајдено под земја и вода преставува сопственост на Р. Македонија, доколку не биде пронајден сопственикот.

Поседувањето на опрема за металдетекција само по себе не е казниво дело и не се санкционира ниту со еден закон. Меѓутоа, самата употреба на ваквата опрема преставува прекршочно дело предвидено и казниво спроред законот, а доколку со помош на опрема за метал детекција биде ископано или незаконско присвоено културно добро преставува кривично дело.

strumicacity.com

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1