Шегата на Реган која го шокирала светот и за малку ќе предизвикала Трета светска војна


Црниот хумор на претседателот Реган исполнет со антикомунизам, на 14. август 1984. година го ставил во уште еден непријатен инцидент. Белата куќа се обидувала да ги смири реакциите по изјавата која одекнала во светот, пишува “Guardian”.

Во текот на тонската проба, Реган изјавил: “Мои драги Американци, мило ми е што ќе ве известам дека потпишав закон со кој Русија се забранува засекогаш. Со бомбардирање започнуваме за пет минути”.regan

Претседателскиот кандидат на демократите, Валтер Мондале, изјавил дека претседателот би требало да биде многу повнимателен со тоа што го зборува. “Сакам тоа да го признаам како шега, но луѓето би можеле да го сфатат тоа сериозно”, изјавил на прес-конференцијата.

Светот во шок

Изјавата ја снимиле радиските техничари кои се подготвувале да ја снимат неговата изјава. Сè што било официјално е објавено е изјавата која била и планирана: “Мило ми е дека денес можам да ви кажам дека потпишав изјава која им го дозволува на училишните религиски здруженија тоа што им било долго ускратено – правото да се состануваат во државните средни училишта по наставата”.

Гласините за бомбардирањето брзо се прошириле и набрзо биле и објавени. CBS изјавил дека сè што претседателот кажува пред изјавата во етерот не е официјално. CNN одлучил да не коментира, иако го снимиле.
Портпаролот на Белата куќа, Лери Спикс, изјавил дека нема да дава изјави за работи кои биле кажани надвор од етер. Демантирал дека имало притисоци за новинарите да не се објави изјавата.

Но, новинарите потсетиле на сличен на инцидент кој се случил две години претходно, кога Реган за Полската воена влада изјавил дека е “група од пропалици”. Таа снимка тогаш ја објавил NBC.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1