Шеикот Мохамед од Дубаи го почести персоналот на хотел во Тиват со 36.000 евра


Премиерот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Рашид ал Мактум, кој престојува во хотелот „Реџент“ во Тиват, Црна Гора, персоналот на хотелот го почестил со 36.000 евра, објави порталот ПинкМ.seik

Шеикот во текот на дводневниот престој во хотелот „Реџент“ кој се наоѓа во марината Порто Монтенегро, порачал околу 20 шишиња од најскапото шампањско.

Тој во Тиват се состанал и со премиерот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, кој порача дека желбата на црногорската влада е да привлече што е можно повеќе инвестиции од Обединетите Арапски Емирати, особено од приватниот сектор и бизнисмени. Други податоци за посетата на шеикот не се објавени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1