Шекеринска – Заменик генерална секретарка на НАТО


Радмила Шекеринска станува втор човек на НАТО. Поранешната вицепремиерка и министерка за одбрана функцијата Заменик генерална секретарка на Алијансата ќе ја превземе до крајот на годинава.

Генералниот секретар Руте напиша:

„Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следна заменик-генерална секретарка. Таа е вистински верник во НАТО, ја знае работата што е потребна за да се приклучите на Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа додека ја презема оваа важна улога“.

Шекеринска пак вели дека ќе и биде привилегија да служи како заменик генерален секретар на НАТО под раководство на Руте.

„Посветена сум на работата со сите сојузници кон уште посилна и побезбедна Алијанса“, напиша на платформата Х.

Со нејзиното назначување, Шекеринска станува првата жена од Западен Балкан на висока позиција во НАТО, а за оваа функција таа беше во конкуренција со поранешната бугарска министерка за надворешни работи Марија Габриел и поранешната претседателка на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ. 

Како десна рака на Руте, примарна задача на Шекеринска ќе биде да му помага и да го заменува генералниот секретар во негово отсуство, ќе претседава со голем број високи комитети, ад-хок и работни групи, а ќе претседава и со состаноците на 32-та амбасадори во Северноатлантскиот совет, вклучувајќи го и Советот НАТО-Украина.

Шеќеринска беше министерка за одбрана во 2020-та кога Македонија стана полноправна членка на НАТО, а од македонската политичка сцена се повлече една година подоцна по поразот на СДСМ на локалните избори. Во моментов таа е потпретседателка на Партијата на европските социјалисти. 

Tags: ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1