Шеќеринска денеска на прес-конференција истакна дека светот бил навикнат на лоши вести од балканот и особено од Македонија, а Владата за една гоидна го променила тоа бидејќи барала решенија и не калкулирала со партиски интереси.
– Немавме децении за губење, задоволна сум од успехот од гласањето во Собрание. За кратко направивме пробив, вели таа.
Додава дека годината не била лесна, но Македонија докажала дека е способна за пробив и за влез во ЕУ и НАТО, а знамето на НАТО веќе не е пуста желба.
– Не чека многу работа, да создаваме подобро платени и повеќе работни места и ќе привлекуваме инвестиции, додава таа уверувајќи дека Владата го насочува фокусот за просперитетот на граѓаните.
Таа честита за успехот.