Пејачката Шер не само што верува во живот после смртта, туку верува и во тоа дека духот на нејзиниот починат поранешен партнер Сони доаѓа во нејзиниот дом и прави шеги на нејзина сметка.
– Кога неговиот дух ќе се појави во мојата куќа, прави лајт шоу. Кога во квартот нема струја, моите лустери светат како сонце, тврди пејачката, која тврди дека ова е само начин на кој Сони се шегува со неа.
– Знам дека се шегува, затоа што неговиот дух во најчудните моменти вклучува еден кристален лустер во мојата куќа. И кога во соседството нема струја, тој силно свети како Витлеемм, објасни пејачката.