postaШеф на кабинет на директорот на Македонска пошти е изведен пред истражен судија под сомнение дека го предизвикал пожарот во Македонски пошти кој на 15 јануари годинава ја вивна централата во пламен, дознава Канал 5 од извори во истрагата.

Според информациите на надлежните тој се сомничи за тешки дека против општата сигурност. Според информации од истрагата доказите и вештачењата кои трае повеќе месеци покажале дека причина за пожарот е човечки фактор и дека избувнал во неговата канцеларија. Како бил предизвикан пожарот за сега нема информации.
Допрва во истрагата со дополнителни вештачења ќе се утврдува штетата која ја предизвикал пожарот. Се очекува да се дојде до многу поголема сума од досега пријавената сметководствена штета. Во пожарот настрада и импозантниот мурал на Борко Лазевски.

За време на пожарот поштата не беше осигурена. Отпосле беше склучен договор со осигурителна компанија која се обврза да ги покрие трошоците.

Канал 5