Шешељ итно опериран


Претседателот на Српската радикална партија (СРП) Воислав Шешељ утринава беше итно опериран, за Танјуг соопшти неговиот заменик и партиски клега Немања Шаровиќ.

Шаровиќ не кажа ништо повеќе за операцијата, но додаде дека во следните неколку дена медицинскиот конзилиум или лично Шешељ ќе ги соопштат деталите за неговата здравствена состојба.seselj2

Во ноември минатата година Шешељ привремено беше ослободен од
затворот на Хашкиот трибунал, за првпат по 12 години, поради неговата  влошена здравствена состојба.

Шешељ боледува од рак на дебелото црево, а еднаш веќе беше опериран во болницата во Хаг.

Откако пристигна во Србија, тој продолжи да се занимава со политика.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1