Шешељ ќе бара обесштетување


Војислав Шешељ смета дека Хашкиот трибунал ја донесол единствената можна пресуда од правен аспект. Лидерот на српските радикали денеска е ослободен од обвиненијата. Во Хрватска и БиХ – неверување.seselj2

„По толку процеси против невино обвинети Срби, се појавија двајца судии, чесни луѓе кои покажаа дека професионализмот, честа и образот се над секаков политички притисок. Од правен аспект тие ја донесоа единствената можна пресуда“, изјави денеска Војислав Шешељ во Белград пред новинарите, откако од Хаг стигна веста дека е ослободен од обвиненијата.

Шешељ потенцираше дека откако заминал за Хаг, знаел дека не може да биде докажано ниту едно злосторство содржано во обвиненијата. Лидерот на српските радикали додаде дека барал да му се исплати обесштетување од 12 милиони евра за страдањето кое го претрпел во притвор.

„Дел од парите би одвоил за помош на српските културни институции“, рече тој, додавајќи дека дел од парите добиени од обесштетувањето би издвоил и за Српската радикална партија.

Шешељ информираше дека нема да ја тужи Србија, но дека неговиот став кон Хашкиот трибунал не е променет „ни за влакно“ и дека и натаму смета оти е тоа антисрпски суд и инструмент на новиот светски проедок.
„Изразувам огромно жалење што моите блиски пријатели Милан Мартиќ, Здравко Толимир, Радован Караџиќ и многу други немаа во Судскиот совет чесни судии“, рече денеска Шешељ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1