Шешељ: Се е наше, нема што да делиме со Албанците во Косово


Лидерот на Српската радикална партија (СРС), Воислав Шешељ, на прашање од весникот „Вечерње новости” за тоа што мисли за идејата за поделба на српско и албанско Косово, одговори исто со прашање – „зошто да се разграничуваме со Албанците на своја територија?“

– Се е наше, што да делиме со нив!? Може ние да им дадеме половина Косово, а тие нам – половина Албанија, изјави тој.

Според него, српскиот претседател Александар Вучиќ е притиснат да ја прифати независноста на Косово колку што е можно побргу, зашто, како што вели, „нормализирањето на односите” всушност значи признавање на независно Косово.

– Вучиќ не е должен да каже „признавам”, тој може да го направи тоа фактички. Доволно е Косово да влезе во Обединетите Нации. Србија во никој случај не сме да се согласи со тоа, образложи Шешељ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1