Мајката на Ксенија Пајчин и нејзината сестра, нејзиниот татко и пријателите денеска ќе ги посетат гробиштата каде почива нивната ќерка цели шест години.
Ни по толку години Ксенија не е заборавена, откако Филип Каписода, нејзиното љубоморно момче ја уби брутално во нејзиниот стан по расправија. Нејзината мајка сеуште е во црно.
Пријателите и колегите на трагично починатата Ксенија секојдневно се слушаат со семејството. Меѓу нив е и најверниот пријател на Ксенија, Бане Девиќ кој е моден стилист.
– Се слушам со мајката, постојано сме во контакт, и претходно бевме супер блиски. Ксенија ми недостига многу, ми беше најверен пријател, вели тој.
Данијел Алибачич, пејачот со кој има и дует, вели дека кога и да има настап мисли на неа.
За потсетување, Ксенија беше убиена на 16 март 2010 година во нејзиниот стан.