Двојното убиство во Вевчани: Србаковски немал намера да изврши убиство, побара казна 20 години


Во Врховниот суд на Република Македонија денеска се одржа јавна седница на која се расправаше за доживотната казна затвор за Здравко Србаковски, кој на 13 август 2014 година изврши двојно убиство во Вевчани, пренесува МИА.

Судењето го водеше претседателката на Врховниот суд Лидија Неделкова, а во советот беа уште четворица судии, кои го ислушаа осудениот убиец.vevcani4444

Пред судскиот совет Србаковски тврдеше дека немал намера да изврши убиство и побара наместо доживотен затвор да добие 15 или 20 години, имајќи ја предвид неговата возраст.

Србаковски во кафана во Вевчани ги застрела со пиштол 23-годишниот Мате Ѓурчески и 43-годишниот Владо Попески.

Врховниот суд дополнително треба да ја соопшти одлуката за овој случај.

На денешното судење присуствуваа и студенти од Правниот факулет.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1