Денес е Свети Патрик, ден кога постот прави пауза – Еве што прават луѓето


Во светот на 17 март се слави ирскиот национален празник, Денот на Свети Патрик, традиција постара од илјада години.

На денешен ден ирските семејства традиционално одат во црква. Големиот пост се прекинува на еден ден и луѓето танцуваат, пијат и јадат традиционални ирски јадења.13-06-03-35015_1-44705

Традиционални симболи на овој ден се детелина со три листа и зелената боја. На овој ден луѓето носат зелено, слават сè што е ирско на парадите со здравица и голема кригла пиво.

Сè до 1970 година ирските закони им забранувале на угостителските објекти да работат на овој ден. На почетокот на 1995 година, ирската влада започна кампања Денот свети Патрик да се искористи како реклама за туризам и промоција на Ирска.

На Денот на свети Патрик во светот се пијат 10 милиони литри пиво „гинис“, позната ирска марка, тврди претставникот за медиуми од фабриката „Гинис“, Дејвис Рајан.

Во последните години и во Скопје владее зеленото на овој ден. Главното собиралиште за Ирците во земјата, но и за сите оние што сакаат со нив да прослават со пиво и ирски специјалитети, главното собиралиште е ирскиот паб на Кејот на Вардар.

Празникот се прославува и во Америка каде што се одржуваат околу 100 празнични паради. Ова не зачудува поради тоа што околу 30 милиони американски државјани се по потекло од Ирска. Всушност, првата прослава на Денот на Свети Патрик се одржала во Њујорк, 17 март 1762 година. Ирските војници кои служеле во британската колонијална војска приредиле парада славејќи го своето потекло и наследство. Прослави се организират и во Австралија, Канада, но и во Европа.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1