Шест популарни песни за кои не сте знаеле дека носат црни затскриени пораки


Понекогаш луѓето песните ги примаат само површно, без притоа да им обрнат внимание на пораките и суштината кои истите ги носат и кои што пејачите сакаат да ги пренесат.
Недостатокот на правење на суптилна точка, во песна за човечката состојба, е тоа што никој не обрнува внимание на суптилните поени во песните. Просечните слушатели не ги примаат зборовите кога, уметникот преку совршена лирска метафора, испраќа порака за немирите на Блискиот исток. Тие само сакаат да танцуваат. Така на пример, луѓето си мислат дека „Роден во САД“, „Born in the USA“ е патриотска песна, и затоа голем дел од нив не ја примаат субверзивната порака.
6 „This Land Is Your Land”

Што мислите за што се работи?

Оваа песна звучи најмалку офанзивна песна некоаш напишана, а текстописецот Вуди Гатри, ја адаптирал од една стара американска народна песна и текст кои се сведуваат на невината порака на „Амерка е прекрасна, нека ја споделат сите“. Сепак големите патриоти како и повеќето патриотски песни кои што ја изразуваат позитивната идеја дека секој е добредојден во САД, не го земаат предвид скришниот момент кој што пејачот сака да го прикаже, а всушност не го истакнува „за жал, нема што да се види таму“.
За што всушност станува збор?
„Оваа земја е ваша земја„ е поради недостатокот на подобар термин, песна за комунизот. Добро не мора да се однесува на идејата за јавна сопственост на целиот имот. Можеби невидливата рака на слободниот пазар ќе диктира кој е вистинскиот сопственик на оваа земја“, само што едноставно не може да се вклопи во шемата со рима. Всушност Гатри бил прилично отворен комунистички симпатизер. И песната не била напишана само како народна песна за Америка и нејзините луѓе. Гатри специјално ја напишал како неодобрување на песната „Бог да ја благослови Америка“, која смета дека била премногу патриотска и мекушка. Гатри исто така не сметал дека со ваквата песна ја претставува просечната работничка класа на Американци како него и нивните чуства за владата.

5. “The Star-Spangled Banner” by Jimi Hendrix
Што мислите, за што станува збор?
Перформансите на Хендрикс во Вудсток се забележани како еден вид на легенда. Хенрикс ја освои сцената како последен на концертот, а по само два часа остави изгорени гитари и стопени хипи лица. Незаборавен момент ќе остане препевот на „The Star-Spangled Banner”. Неговата верзија на американската химна стана синоним со Водсток фестивалот, а за возврат дојде да ја претставува цела генерација на контракултурни Американци, кои во текот на 60-те години пропагираа мир и љубов.
За што всушност станува збор?
Лесно е да се пропушти моменот поради тоа што е инструментална песна, но под површината, може да се слушнат и разберат референците кои што Хенрикс сака да ги прикаже за ужасите на војната. Звуците и вревата за ракетите и експлозиите се надополнети со звуци од митралези. Доколку се слуша внимателно може да се почуствуваат и трубите на погребите на американските воени членови.

4. “I Love LA” by Randy Newman
Оваа песна сигурно сте ја слушнале во некој катастрофален филмски сет во Лос Анџелес, или пак во некој спортски настан во кој домашниот тим постигнува гол, или пак го добива натпреварот. Секој пат дали тоа станува збор за Лејкерси, „Доџерс“ или пак „Кралевите“ сигурно сте ја слушнале оваа песна. Што значи дека била пуштана во Лос Анџелес постојано во последните 30 години. И ваквото постојано слушање, ѓи наведува тамошните жители да веруваат дека оваа песна е химна за тоа како Лос Анџелес е фантастично место за живеење.
За што всушност станува збор?
Како и голем број на неразбрани песни на Њуман, „I Love LA“, е наменета да биде сатирична и саркастична. Истата е напишана за сите противречности во градот. Секогаш кога ќе споменел некаков идеал за градот, тој го неутрализирал со сцена на оние помалку среќните.

 

3. “Do You Hear What I Hear?” by Noel Regney and Gloria Shayne

Повеќето од публиката ваквата песна ќе ја препознаат како еден од 20 божиќни стандари кои доминираат во стоковните куќи кои ја пуштаат по Ноќта на вештерките и продолжуваат се додека не заглават во долгови и нивнте кредитни картички бидат пресечени. Ваквата песна која е оригинална верзија на Регни и Глорија Шејн, ја имаат преработено голем број на уметници. Песната се чини дека се работи за раѓањето на спасителот Исус, но по внимателно слушање на оваа божиќна химна има и нешто повеќе од самото раѓање на Исус.


За што всушност се работи?

„Do You Hear What I Hear?” била напишана како одговор на кубанската ракетна криза. Ако не сте запознаени со овој ужасен момент од историјата, впуштете се во потрага по првиот човек кој всушност се сеќава кога оваа песна беше пуштена во јавноста и слушнете го неговото објаснување за периодот кога САД и Русија речиси ќе се избришаа една со друга, преку нуклеарното оружје во 1962 година, пред Битлси да имаа можност да ги смират сите доле на земјата. Песната била напишана како молба за мир од страна на луѓе кои мислеле дека за само неколку минути може да дојде до комплетно нуклеарно уништување. Ноел Регни во тоа време живеел во Њујорк, место кое што секогаш се сметало како цел за терор и уништување. Тој бил инспириран да ја напише песната по гледањето на бебиња во количките кои биле возени по тротоарите, а потоа незамисливо биле разнесени од експлозивите. Тоа веројатно го објаснува зборовите:
„Do you see what I see
A star, a star
Dancing in the night
With a tail as big as a kite
With a tail as big as a kite“
И двата текстописци подоцна не беа во можност лично да ја перформираат песната поради трауматичните емоции во времето кога истата била напишана. Се слушале гласини дека едниот од нив, после неа, престанал со музичката кариера поради истите причини.

2. “Hook” by Blues Travele

Со внимателно слушање овој блуз, може да се рангира за една просечна песна. Пејачот Џон Попер ја отвора песната со „Не е важно што говорам, се додека пејам со флексија“, а потоа продолжува со тоа дека нема што да каже, но тоа и не е важно, затоа што никој не го прател тоа што тој го зборува. Да се направи уште повеќе бесрамен, Попер преку дополнителните хармонични тонови, пее за тоа како му е потребно дополнителен кеш.

1„99 Luftballons” by Nena
Оваа песна беше испеана од страна на германскиот бенд Nena, а кога стана вистински хит била преснимена и во англиска верзија. Всушност станува збор за периодот во 1983 година кога се уште постоела можноста од реална закана за нуклеарно уништување.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1