Вампири во Србија – Се срушила воденицата на Саво вампирот – мештаните од Заржје во паника (Видео)


 

Дали се работи за празноверие или пак обид да се привлече поголем број на туристи, или пак мештаните на Зарожје навистина веруваат дека постојат вампири е главна тема во ова село откако се срушила воденицата на Саво вампирот. 

Мештаните од селото се до тој степен исплашени што дури и самите локални претставници делат совети и предупредувања како да се заштитат од нападите на вампирот.

„Воденицата се сруши ја нема повеќе. Се плашиме дека ова би можело да биде некое предскажување, да не не затекне некакво зло?

Можеби Саво сака да ни порача нешто, дека мораме да ја обновиме“, изјавил претседателот на месната заедница на општината Бајина Башта, Миодраг Вујетиќ.

Тој ја остава и можноста дека воденицата можеби се срушила од дотраеност, но предупредува дека единствен начин да се заштитат од Саво е да закачат на влезните врати трн од растението Глок и бел лук, а во своите домови задолжително да имаат крст.
„Трнот од Глок е „закон“ за вампирите“, вели Вујетиќ.

Share Button

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1