Шест жители на областа Муланџе во африканската држава Малави биле убени во текот на септември поради сомнеж дека се вампири.
Во најмалку три инциденти, локални жители се самоорганизирале и ги нападнале своите соселани за кои се сомневале дека пијат човечка крв, како дел од ритуали за црна магија.
Локалниот полициски комесар Џејмс Кадаџера изјави дека испратиле стотина полицајци во областа за да спречат натамошни напади врз основа на вакви бизарни образложенија.
Меѓу нападнатите имало и странски државјани, поради што Американската амбасада во Малави им нареди на членовите на хуманитарната организација Мировен Корпус да се повлечат од областа, стравувајќи од ескалација на насилствата.