Шесткратниот убиец пронајден мртов


Американецот Бредли Стоун, кој беше обвинет за убиството на шест лица и по кого беше организирана масовна потрага, е пронајден мртов во една шума во близина на неговиот дом, пренесува МИА.

Во соопштението на американската полиција не се потенцира дали Стоун се самоубил, освен што се вели дека со откривањето на телото на обвинетот прекинува 36-часовната потрага, откако тој по извршеното злосторство побегна во непознат правец.

pensilvanija50

Стоун (35), кој е ветеран на ирачката војна, ја уби својата поранешна сопруга Никол Стоун, како и петмина нејзини блиски роднини. Меѓу жртвите се нејзините мајка и баба, сестрата и зетот, како и нивната 14-годишна ќерка.

Сите убиени во своите домови, затекнати на спиење. Седумнаесетгодишниот син на убиената сестра на Никол Стоун, единствен го прижевеа злосторството. Тој е тешко ранет и во локалната болница се уште се бори за својот живот.

Злосторството се случи во понеделникот, околу 4:00 часот по полноќ по американско време, во едно мало место во близината на Филаделфија. Полицијата верува дека причина за злосторството е расправијата на убиецот со поранешаната сопруга, околу згрижувањето на нивните две деца.

Бредли Стоун прво ја посетил куќата на сестрата на својата поранешна сопруга, па откако ги застрелал сите во семејството, заминал во куќата каде живееле мајката и бабата на Никол Стоун, за на крајот да отите и кај неа ладнокрвно и да ја убие.

Соседите на Никол Стоун забележале како нејзиниот поранешен сопруг Бредли, бега со двете деца и веднаш ја алармирале полицијата. Соседите изјавуваат дека Никол стравувала за својата лична безбедност и изјавувала дека се плаши оти нејзниот поранешен сопруг ќе дојде да ја убие.

Полицијата соопшти дека двете деца се најдени неповредени и се згрижени од социјалните служби.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1