Канибал ја изел жената и двете балдски а пуштен е слободно да шета – не бил опасен


Васил Ловриќ, автомеханичар во Романија кој ја убил и изел својата сопруга и двете балдски со одлука на романскиот суд е пуштен да се брани од слобода и сега непречено шета по улиците.va1-630x419

 

Овој човек, кој е веќе осудуван силувач и канибал, како причина на неговото излегување на слобода навел дека му пропаднала автомехничарската работилница додека го чека судењето во притвор. Имено, романскиот суд ова го уважил и го одобрил неговото ослободување до судењето, со наводи дека полициската истрага секако трае премногу долго. Полицијата на одредени периоди мора да го проверува, за да се увери дека не побегнал од земјата.

 

Васил е уапсен во април бидејќи ја убил својата 18-годишна сопруга и нејзините две сестри, чии коски се пронајдени во неговиот двор, а иако постојат докази дека делови од нивните тела се сварени и изедени, полицијаа и понатаму не може да собере доволно докази за „силен случај“ против него.

Васил се оженил по вторпат кога првата сопруга починала од срцев удар, а нејзините родители го сомничеле и дека бил во врска со нејзината 18-годишна ќерка, која се води како исчезната. Исто така имал врска со помладата сестра на својата втора сопруга, која тогаш имала само 13 години и која останала бремена. Ловриќ ја признал врската, но тврдел дека бил искористен.

Имајќи предвид дека неговата втора сопруга исчезнала во 2005 година и дека било потребно многу време да се пронајдат остатоците од телото, полицијата и понатаму не може да собере доволно цврсти докази за да го осуди овој монструм.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1