Шесткратно убиство во Русија – убиени и две девојчиња (Видео)


334916_belgorod-ubistva-reuters-2_ff

Руската агенција РИА новости јави дека убиецот денеска околу пладне дошол со црно BMW пред продавница за оружје во западна Русија близу границата со Украина и убил 6 лица.

Тој излегол од автомобилот и почнал да пука, прво на минувачите на улицата а потоа и во луѓето во продавницата.
Убиените мажи се на возраст д 28 до 45 години, а девојчињата имале 14 и 16 години.

Осомничениот е идентификуван – 32 годишниот Сергеј П.

334919_belgorod-ubistva-reuters-5_hf

Локалната полиција во близина на продавницата го пронашла автомобилот на осомничениот, но Помазун успеал да побегне од местото на настанот.

Мажот осомичен за нападот е уапсен после интензивна полициска потера. Станува збор за граѓанин од Белгород кој имал полициско досие, а кој излегол од затвор минатата година.

Извор од регионалното Министерството за внатрешни работи изјавил дека осомничениот Сергеј Помазун има полициско досие и дека досега бил осудуван четири пати, најчесто поради кражби.

Тој извор додал дека убиецот планирал да ја ограби продавницата за оружје.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1