Шестмина убиени во Загреб, меѓу кои и дете, преживеало само седумесечно бебе


Полицијата во Загреб пронајде шест тела во една куќа во населбата Кајзерица.

Според првичните сознанија, жртвите се убиени со огнено оружје, а убиецот засега е во бегство.

Околу 21 и 30 полицијата добила телефонски повик од жители во Нов Загреб , кои алармирале дека се слушаат пукотници.

Кога пристигнале во Цимерманова улица, убиецот бил избеган, а зад себе оставил 6 мртви тела.

Според последните информации кои ги соопшти Марко Рашиќ, началник на загребската полиција, убиецот застрелал двајца мажи, три жени и десетгодишно дете додека седуммесечно дете е рането и се наоѓа во детска болница. Како мотив се спомнува љубомора.

Станува збор за семејно насилство. Првично беше јавено дека убиецот ја застрелал поранешната сопруга и нејзиниот нов партнер, а меѓу убиените се и четири деца, како и дека петтото, бебе, е рането и префрлено во болница.

Сепак, според последните информации, убиени се двајца мажи, три жени и десетгодишно дете, пишува Вечерњи Лист.

Полицијата ја добила дојавата за истрели од огнено оружје на подрачјето на Нови Загреб вечерва во 21.30 часот, по што градот беше ставен под целосна блокада во обид да се запре вооружениот убиец.

Хрватските медиуми откако го повлекоа известувањето дека убиецот е уапсен, јавуваат дека потерата по него се уште трае и е проширена на територијата на цела Хрватска.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1