Шилегов: Бесплатен градски превоз се до намалување на загадувањето


Бесплатен градски превоз се до намалување на загадувањето, прекин на сите градежни активности на градилиштата, интезивно миење на градските улици, зајакнати инспекциски надзори, ограничувањето на обуките на автошколите, се само дел од вонредните мерки кои што Градот Скопје ги воведува со цел намалување на загадувањето во главниот град.Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на прес-конференција апелираше да не се користат возилата без потреба и граѓаните да се организираат и да користат заеднички превоз, но и за затоплување да не се користат отпадни материјали, туку само суво дрво. „Борбата против аерозагадувањето бара поголема вклученост од сите нас, бидејќи сите го дишеме истиот воздух“, рече Шилегов апелирајќи да се почитуваат мерките за да има почист воздух.

Автобусите, во наредниот период се додека се на сила вонредните мерки за намалување на загадувањето, ќе сообраќаат зачестено, а превозот ќе биде бесплатен. Шилегов рече дека и тој самиот со личен пример ќе придонесе за почитување на мерките- на работа ќе доаѓа пеш или со градскиот превоз, но на располагање го има и електричното возило кое го поседува градот. Службените возила на градот ќе ги користат само од инспекторатот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1