Скопскиот татко Петре Шилегов даде интервју за грчкиот „Документо”, каде покрај за напорите а решавање на спорот за името, беше запрашан и за неговото обраќање на Грчки на прес-конференцијата во Атина.
Шилегов на прашањето од каде знае Грчки и дали има поврзаност со Грција одговори:
– Мојот дедо бил роден во село во близина на Воден. Од Грција заминал во средината на 20. век. Сепак тоа не е причината, сум поминал многу делови во Грција, па така знам малку грчки, вели Шилегов.