Шилегов треба да ѝ плати 200.000 денари на Јанкулоска


Петре Шилегов од СДСМ, на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, треба да ѝ плати отштета од 200.000 денари за клевета, пресуди Основниот суд Скопје 2, на повтореното судење.500petresdsm-634x320

Според судијата, следејќи ги упатствата на Апелациониот суд, кој ја укина првостепената пресуда, според која Шилегов требаше да ѝ плати на Јанкулоска 500 илјади денари, и по разгледување на имотната состојба на тужениот, донел одлука отштетата да биде намалена на 200 илјади денари.

Одбраната на Шилегов најави дека ќе поднесе жалба на ваквото решение на судот, а на соопштувањето на пресудата не присуствуваа ниту Јанкулоска, ниту Шилегов.

Јанкулоска го тужеше Шилегов за клевета поради тоа што на неколку прес-конференции портпаролот на СДСМ објави дека Јанкулоска се стекнала со два стана во вредност од 200 илјади евра.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1