Шилегов: Зборот е збор – Од вечерва Скопје го враќаме на граѓаните


Петре Шилегов вечерва изјави дека зборот е збор и дека Скопје не е вмровски град.

„Од вечерва Скопје го враќаме на граѓаните. Останатите општини ширум земјата од вечерва ги враќаме на граѓаните на Република Македонија. Скопје повторно се раѓа. Ова е голема победа за Скопје“ – рече Шилегов.

Тој рече дека граѓаните покажаа дека не сакаат да се владее како досега.

Шилегов вели дека сите граѓани се победници. Без разлика дали ќе има втор круг или не, вели дека Скопје овој пат победи, а победи и Македонија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1