Мексико: Убиен и запален политичар, неговата сопруга, бабата и возачот


Мексиканскиот левичарски политичар Ранфери Ернандес Асеведо убиен е и запален заедно со сопругата, нејзината мајка и возачот, соопштија од јужната држава Гереро.

Телата на жртвите се најдени во сабота вечер покрај патот, а полицијата за сега нема осомничени.

Ернандес Асеведо (50) беше еден од основачите на левичарската партија во Мексико, Демократска револуција, и беше лидер на таа партија во Гереро.

Асеведо, кој предводеше и едно независно левичарско движење, излезе од Демократската револуција во 2015 година, пренесе АП.

Бил еден од клучните приврзаници на Андреас Мануел Лопез Обрадор, кој води во повеќето анкети пред предвремените претседателските избори во 2018 година.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1