Ирската пејачка Шинејс О’Конор сподели срцепарателна снимка на Фејсбук во која откри дека има суицидни мисли и дека живее сама во мотел во Њу Џерси, како и дека сите кренале раце од неа.
Педесетгодишната пејачка објавила дванаесетминутно видео на својата официјална страница на Фејсбук во кое на обожавателите им рекла дека е препуштена сама на себе веќе две години, бидејќи „на нејзиното семејство и на Ирска не им е грижа“.
Изведувачката на популарната песна „Nothing Compares 2 U“ веќе две години живеела сама во мотел
– Се надевам дека ова видео помогна. Не мене, туку на фактот дека јас сум само една од милион луѓе кои се како мене, кои немаат ресурси коишто јас ги имам во торбичката и во срцето да си помогнат себеси. Не постои никој во мојот живот освен мојот лекар, психијатар, најпрекрасниот човек на Земјата кој вели дека сум негов херој – а тоа е единственото што ме одржува во животот, фактот дека сум негов херој што е мошне патетично. Менталната болест е како дрога – не ја интересира кој сте. А, дали знаете што е најлошо? Ни срамот не го интересира кој сте – зборува расплаканата Шинејд во видеото.
Пејачката објаснила дека имала три ментални болести и дека го чекала семејството да и помогне и да ја однесе дома.
– Деца мои, вам ви е прифатливо вашата мајка да живее во мотелот? Зарем не сум вредна за борбата? Џон Рејнолдс, јас сум мајка на твоите деца, на се што сум ти дала… Да, пишував некои бесни имејлови и глупости по Фејсбук, па што? – рекла Шинејд и додала дека две години од нејзиниот живот се вртат околу тоа да, всушност, остане во живот.
Во мај 2016 година, Шинејд беше пријавена како исчезната, но подоцна беше пронајдена и вратена во болница. Сето тоа се случуваше откако таа се закани дека ќе се самоубие доколку не ѝ биде вратено старателството над најмалиот син Шејн, кој тогаш имаше 13 години.
Ирската музичка ѕвезда има четири деца од четирите свои бракови.