Шинејд О`Конор се обиде да се самоубие, ја спаси полицијата


Познатата пејачка Шинејд О`Конор  веќе со години се бори со депресија, а вчера повторно ги загрижи милионите фанови ширум светот, откако на Фејсбук објави проштална порака, тврдејќи дека се предозирала, по што интервинираше полицијата.

Пејачката Шинејд О’Конор им соопштила на своите следбеници на Фејсбук дека на 48-годишна возраст одлучила да стави крај на својот живот.sinejd500

Таа напишала дека е во хотел “некаде во Ирска” , Таа се регистрирала под измислено име напишала дека е во хотел “некаде во Ирска  каде земала смртоносна доза лекови. За самоубиството го обвинува семејството, пишува ТMZ.

-Зедов смртоносна доза. Нема друг начин да постигнам почит. Плачев со недели. А тие ми одговараа да си одам. Моето семејство не ме цени “, напишала О’Конор.

Во загрижувачката порака го обвини нејзиното семејство дека и го свртеле грбот и дека самоубиството е единствен начин на кој може повторно да стекне почит.1sinejd500

– Би можела да бидам мртва веќе со недели и тие не би знаеле, напиша таа во друга порака каде вели дека „последните две ноќи и биле најтешки“.

– Толку сум ужасна мајка и личност, што сум сама. Плачам веќе со денови, додаде таа, спомнувајќи дека и е посебно тешко откако се подложи на хистеректомија во август оваа година.

Во претходните постови, исто така, напиша дека и е тешка одвоеноста од децата и дека за нејзината тешка состојба е виновна музиката и заради тоа трајно се повлекува од музичката индустрија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1