Широка дупка проголта плажа, луѓе бегаа во паника (ВИДЕО)


Стотина метри широка дупка изненадно се отвори во популарниот камп на австралискиот брег проголтувајќи неколку автомобили и камп куќички.plaza-640x357

Дупката на плажата во Квинсленд почна да се отвара околу полноќ. Песокот пропадна неколку метри во длабочината на морето. Една жена почна да вика по кампот полн со луѓе и ги повика да излезат од шаторите и камп куќичките, пренесува телевизијата АБЦ.

Автомобил и кампер за само неколку секунди паднаа во дупка длабока три и широка сто метри. Полицијата извести дека повеќе од 140 луѓе избегале од кампот.

На оваа плажа слична дупка се појавила и во 2011 година.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1