Шкорпии владеат со Македонија – ниту еден не е Лав!


Во Владата на Република Македонија, предводена од премиерот Никола Груевски седат 15 министри, а од нив тројца се Скорпија во хороскопски знак, додека пак ниту еден министер не е Лав, Близнаци, Водолија или Овен.

Премиерот Никола Груевски е роден во знакот Девица , додека пак претседателот Горге Иванов е Бик.vlada1

Впрочем, од првите луѓе на министерства во Владата на Македонија најмногу се родени во знакот на Шкорпија (Зоран Ставреврски, Никола Поповски и Нурхан Изаири) додека пак покрај нив во нашата Влада седат и двајца Јарци, двајца Стрелци и исто толку Риби, Ракови и Ваги.

Зоран Ставревски (Министерство за финансии), роден на 29 октомври 1964 година, хороскопски знак: Скорпија

Никола Тодоров (Министерство за здравство), роден на 7 јануари 1979 година, хороскопски знак: Јарец

Зоран Јолевски (Министерство за одбрана), роден на 16 јули 1959 година, хороскопски знак: Рак

Аднан Јашари (Министерство за правда), роден на 29 ноември 1965 година, хороскопски знак: Стрелец

Никола Попоски (Министерство за надворешни работи), роден на 24 октомври 1977 година, хороскопски знак: Шкорпија

Диме Спасов (Министерство за труд и социјална политика), роден на 27 мај 1985 година, хороскопски знак: Бик

Абдилаќим Адеми (Министерство за образование и наука), роден на 20 октомври 1969 година, хороскопски знак: Вага

Беким Незири (Министерство за економија), роден на 18 март 1975 година, хороскопски знак: Риби

Михаил Цветков (Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство), роден на 24 ноември 1954 година, хороскопски знак: Стрелец

Елизабета Канческа Милевска (Министерство за култура), родена на 30 јуни 1970, хороскопски знак: Рак9

Љирим Шабани (Министерство за локална самоуправа), роден на 11 март 1981 година, хороскопски знак: Риби

Нурхан Изаири (Министерство за животна средина и просторно планирање), роден на 16 ноември 1961 година, хороскопски знак: Шкорпија

Иво Ивановски (Министерство за информатичко општество и администрација), роден на 10 јануари 1970 година, хороскопски знак: Jaрец

Општи карактеристики за Скорпија

Силните шкорпии се управувани од две планети Плутон – планетата на моќта и контролата и Марс – планетата на војната и енергијата.

Скорпијата е еден од најсилните знаци во хороскопот заедно со лав, водолија и јарец. Оние кои што ќе се обидат да го променат карактерот на шкорпијата ќе наидат на проблеми, затоа што никој не знае која е тајната мотивација за нивните постапки.

Скорпиите имаат многу сложен карактер. Скорпијата е знак на сексот и смртта, на крајот и почетокот на сè. Вие сте толку моќни што луѓето го чувствуваат вашето присуство уште пред да кажете нешто, но и вие ги чувствувате сите вибрации. Го гледате секој детаљ и ги читате луѓето како отворена книга. Вашите пријатели ја знаат вашата лојалност и сè што треба да направат е да свикнат на „високиот напон“. Ако некој ве предаде подобро да внимава – како и шкорпиите и вие нанесувате болен убод како одмазда.

Добри карактеристики:

Магнетни, таинствени, страсни, лојални, заштитници, смели, добри советници, категорични, интуитивни, со интензивни чувства и емоции, љубопитни, самокритични, енергични, не примаат средна позиција, поседуваат способност за аналитично мислење.

Лоши карактеристики:

Опсесивни, посесивни, љубоморни, манипулатори, сакаат да се одмаздуваат, секогаш незадоволни, деструктивно критични, брутални, жестоки, завидливи, нетолерантни.

Media.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1