Европа ќе се сецка на делови – Кои ќе бидат новите држави? (Видео)


Сите се запознати со ситуациите во Косово, Крим, Каталонија, Баскијците, Шкотска, Фландрија, некои знаат и за Корзика, но ретки се оние кои се свесни за тоа дека Стариот Континет крца од региони кои само чекаат половен момент за да извршат сецесија.

Ова се само последните случаи во Европа, оние кои се здобија со независност во третиот милениум. Стариот континент е преполн со региони кои само го чекаат вистинскиот момент за да се отцепат од нивните матични земји и да станат независни односно меѓународно признати држави.

karta evropaВо срцето на Романија, во источна Трансилванија, низ долините и зелените ридови во источниот дел на Карпатите се простира земјата Секеј на етничките Унгарци кои по Првата светска војна се споија со Романија. Тие никогаш не се одрекле од желбата да се вратат во округот на Унгарија, но за тоа не се заговара отворено, туку она што се бара е враќање на автономијата во границите кои оние географски се населени односно каде што ги има во двотретинско мнозинство.

Делови со народи кои сакаат отцепување се наоѓаат и на југозападот на Полска и североистокот на Чешка и до Моравија која се наоѓа на истокот на Чешка.

Исто така потенцијален сецесија најавуваат и баварците кои и како и Австријците имаат свој посебен јазик, култура, начин на размислување, а долг период имаа и посебна држава.

Италија има многу поголеми проблеми од Германија. Северната лига бара отцепување од таканаречената Паданија која го опфаќа цел север од Апенинскиот полуостров, а од неодамна постои и движење кое бара одделување од делот Венето со историски центар во Венеција.

Фарските острови и Гренланд покажуваат знаце дека наскоро би можеле да тргнат по независноста и отцепување од Данска, а во Сканеланд во Шведска постојат голем број на десничарски анти имаграциони партии кои бараат отцепување од Стокхлом.

Слаб сепаратизам постои и во Валенсија која има силни етнички, културни и историски врски со Каталонија и каде се говори на каталонскиот јазик.

На крајот стигнуваме до Обединетото Кралство и Северна Ирска. Тука е неопходно прво да се свати историската позадина на настанување на оваа змеја, за да се свати што навистина се случува. Англичаните прво го освојуваат Велс, Корнвол и Ирска, каде живее келтскиот народ. Во 17 век откако Кралицата Елизабета умрела и е без потомство, шкотскиот крал седна на англискиот престол. По стотина години во 1707 година доаѓа до Унија меѓу Англија и Шкотска по што настанало Англиското Кралство, Велика Британија. По100 години, Кралството Ирска станува дел од оваа држава која почнува да се вика Обединетото Кралство Велика Британија и Ирска. Откако Ирците се стекнаа со независност на југот на својот остров, државата го добива денешното име.

Северна Ирска има мнозинско протестанско население, и сака унија со остатокот од земјата, додека малцинскто католичко ирско население бара отцепување или некаков вид на независност. А во игра е и обединувањето со Република Ирска.

 

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1