Во неколку терористички напади во Париз над 150 лица загинаа, а стотина се повредени, јавија француските медиуми повикувајќи се на локалните власти. Нападите се одвивале на седум различни места во градот.
Според последните податоци од градската управа во Париз, во неколкуте напади во градот, животот го загубија најмалку 150 луѓе.Три експлозии се случија во Париз: во ресторанот „Мала Камбоџа“, во Батанкал на концертот на групата”Eagle of Death Metal” и во кафетеријата „Бел екип“.
Надлежните потврдија дека во заложничката криза во концертната сала Батаклан, убиени се најмалку 100 луѓе, додека во другите напади има 50 жртви.
Медиумите јавуваат дека во полициската акција во концертната сала, убиени се тројца напаѓачи. Најголем број загинати, животот во загубиле во концертната сала каде што се одржувал концерт на аемриканска хеви метал група. Таму двајцата напаѓачи кои што беа убиени од полицијата два часа пукале со автоматско оружје и фрлале бомби на гостите на концертот, а пред нападот на полицијата жртвите ги убивале еден по еден.
Еден од четворицата напаѓачи е уапсен, и признал дека е член на Исламска држава, а сите дошле во Франција од Сирија.
Во салата концерт имаше бендот “Eagles of Death metal” на чија Фејсбук страна е напишано дека не се знае што се случило со членовите на бендот и со техничката поддршка.
We are still currently trying to determine the safety and whereabouts of all our band and crew. Our thoughts are with all of the people involved in this tragic situation.
Posted by Eagles Of Death Metal on Friday, November 13, 2015
Останатите педесетина луѓе се убиени во 6 други инциденти во центарот на Париз во добро организирана и координирана акција на терористичка група за која француските власти сеуште не откриваат никакви детали. Претседателот Оланд во своето обраќање до нацијата изјави дека властите знаат кој ги извршил нападите во Париз.
Низ Франција мобилизирана е и војската, а граѓаните на Париз се повикани да останат во своите домови, поради страв од нови напади.
Една триесетгодишна жена сведок на нападот во ресторано „Мала Камбоџа“ за парискиот весник „Монд“ опиша дека покрај ресторанот поминувала со мотор. Излогот на ресторанот бил искршен, рече таа, и додаде дека најпрвин помислила дека некој со автомобил влетал со голема брзина во излогот.
-Видов луѓе по земја. Не сфатив што се случува. Имаше многу луѓе на земја, многу. Колку што се сеќавам четириесеттина беа на земја, само 4-5 луѓе, не повеќе, стоеја. Не видов крв. Дојдоа бргу пожарникари, но беше многу тивко, тоа ме фрапираше. Мислам дека имаше Англосаксонци, бидејќи една исплашена девојка рече:”gunshot, gunshot”, раскажа таа.
По полноќ беа изгаснати сите светла на Ајфеловата кула, во знак на жалост за убиените невини луѓе.