Шок: Лап топот сам ги сликал цело време – сите слики им се на нет (Фото)


Графичкиот дизјанер Дом дел Торто од Лондон и покрај тоа што бил уверен дека ќе го пронајде украдениот лап топ, поради програмата за пратење која се наоѓала во него, сепак се нашол во големи проблеми поради тоа што локацијата покажувала дека истиот се наоѓа, ни помалце ни повеќе туку во Техеран, во Иран.

news_110875Програмата за посочување на точната локација се вика „Hidden App“, и користи вградена камера, како на сопственикот му покаже кој го користи лаптопот и на која локација се наоѓа.
Шест недели откако лаптопот му бил украден, почнал да испраќа шпиунски слики назад.

Компјутерот испраќал слики од секојдневниот живот на едно семејство. Торто контактирал со полицијата, но оттаму му соопштиле дека се беспомошни поради односите на двете земји.
Сепак Дел Торто не застанал тука и отворил блог со сликите од домот во кој се наоѓал неговиот лаптоп во Иран и ги ставил сликите кои ги добивал секојдневно од истиот.

Како што се ширил интернетот со неверојатна брзина, сликите дошле до самите нови сопственици, кои биле ужаснати и сватиле дека се работи за украдена роба. Сепак Дел Торто одлучил да им го подари лаптопот и ветил дека ќе ги тргне сите слики од интернет.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1