Шок: Мртовец откриен во транспортен авион полн со пари


Транспортен авион што превезувал јужноафрикански пари-рандови, е задржан на аеродромот во главниот град на Зимбабве, Хараре, откако во внатрешноста на авионот е откриен труп на мртов човек.

Авионските власти во оваа источноафриканска земја, изјавиле за локалниот весник „Хералд“ дека станува збор за случај што сега е во надлежност на полицијата.avion rim

Засега не се знае кој е мртовецот, ниту како се нашол во авионот, освен што дирекорот на агенцијата за цивилно воздухопловство на Зимбабве, Дејвид Чавота изјавил дека парите во запрениот авион и припаѓаат на банката „Ризерв“ од Јужна Африка.

Банката потврди дека станува збор за транспорт со нејзини пари, но дека не знае како во него се нашол и еден човечки труп.

Авионот кој е регистрин на една фирма од Флорида во САД, летал од Германија за Јужна Африка. На властите на Зимбабве им побарал дозвола за слетување во Хараре, за да наполни гориво.

Полицијата интервенирала кога придружниците на летот откриле крв во леталото, а потоа и мртвото тело.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1