Патниците во авионот на Монтенегро ерлајнс на летот од Подгорица за Белград доживеале непријатност откако полицијата најпрво уапсила криминалец по кој има потреница од Интерпол, а потоа во авионот се појавил и повреден човек со крвава облека. И двете случувања ги вознемириле екипажот на авионот заедно со капетанот на летот Дарко Лучиќ како и патниците, јавува подгорички Вијести.
При контрола на патните документи, утврдено е дека во авионот се наоѓа личност по која трага Интерпол, по што полицијата многу брзу реагирала па бегалецот е упасен откако авионот од Франкфурт слетал во Подгорица.
Истиот екипаж и авионот требало потоа од Подгорица да полета кон Белград, но доцнел поради појавата на мистериозниот крвав и повреден патник. По асистенциј на екипажот, дошла и полиција, кој утврдила дека се работи за Србин кој истиот ден имал сообраќајна незгода во Подгорица со својот автомобил. Во Подгорица бил со неговата ќерка која била со него. На инсистирање на екипажот,морале да го напуштат авионот, по што истиот полетал за Белград.
Нетпрес