Шок за Киев: Командантот на украинската воена морнарица се заколна на верност кон Русите на Крим


Новоименуваниот шеф на морнарицата на Украина се заколна на верност кон областа Крим, во присуство на непризнаен про-руски лидер, јавува Би-Би-Си.

12168golemaАдмирал Денис Березовски е именуван за шеф на морнарицата во саботата, откако Владата во Киев реагираше на заканата од руската инвазија.

Руските трупи го консолидираат нивното присуство на Крим, што е дом на Црноморската флота.

САД ја предупреди Москва дека може да биде исфрлена од Г-8 за акциите кои ги презеде.

Американскиот претседател Барак Обама распоредувањата на руските трупи ио нарече “кршење на украинскиот суверенитет”.

Украина е во војна. Со овие драматични зборови новиот украинскиот премиер Арсениј Јацењук му го објасни на светот ставот на неговата влада по влегувањето на руските војници на полуостровот Крим. Иако практично не е испукан ниту еден куршум, бидејќи украинските војници без отпор им се предаваат на руските или едноставно преминуваат на нивна страна, опасноста од голем судир се зголемува со секој изминат час.

Владата во Киев нареди општа мобилизација на сите мажи помлади од 40 години и најави дека ќе се брани од руската окупација. Речиси панично се бара помош однадвор, од меѓународната заедница, од НАТО. На помош се надеваат и оние Украинци кои претходно го поддржаа државниот удар извршен од тогашната опозиција, а сега според руските сметки, нелегална власт во Украина.
Нам ни е потребна меѓународна поддршка, а не само изразување загриженост. Потребни се конкретни чекори – рече еден човек во Киев.
– Верувам дека ОН, САД и ЕУ ќе ни помогнат. Всушност, би сакала да заминам на друг континент подалеку од Русија за да немам вакви проблеми – изјави жителка на западниот град Лавов.
Западните земји остро реагираа на руската пенетрација на Крим и во очекување на наредните чекори од Москва, започнаа да се закануваат со санкции. Американскиот државен секретар Џон Кери најави можност за економска блокада, визни ограничувања, исклучување на Русија од Г8 и слични мерки за изолација. Канада и Франција го ставија под прашање учеството на самитот на Г8 кое треба да се одржи во Сочи. Од седиштето на НАТО пак, испратено е барање руските војници веднаш да се вратат во своите бази на Крим.
– Русија мора да ги запре воените активности и закани. Го поддржуваме територијалниот интегритет на Украина и го поддржуваме правото на Украинците сами да си ја избираат иднината без влијанија однадвор – изјави Андерс Фог Расмунсен генерален секретар на НАТО.
И покрај силните критики и остриот тон, големо прашање е дали западните земји би ризикувале воен судир со Русија поради Украина, која не е членка ниту на ЕУ ниту на НАТО. Од друга страна, уште е нејасно до каде ќе реши да оди и Путин. Крим е веќе во руски раце, но руските војници се уште не добиле наредба да влезат и во другите источни региони на Украина. Таму живее бројно руско население, како и проруски расположени Украинци, но за разлика од Крим, тоа е целосно суверена територија на Украина, која владата во Киев едноставно би морала да ја брани. Со сите последици што произлегуваат од таквата одлука.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1