Земјотрес ја стресе половина Македонија


zemjotresТелеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва, на 02.03.2014 год., во 20 часот и 17 минути, регистрира слаб земјотрес со епицентар на околу 60 километри североисточно од Скопје, на територијата на соседна Србија. Рихтеровата (локална) магнитуда на земјотресот е 3.6.

Според досегашните макросеизмички податоци, земјотресот е почувствуван на североисточниот дел од територијата на Република Македонија и тоа во Куманово и Скопје со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала–1998 соопштија од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје

Sky.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1