Шокантна фотографија: На Марс снимена човечка фигура?


Контроверзиите околу тоа дали постои живот на Марс ги подгреа фотографијата која ја објави НАСА, а која оди во прилог на тврдењата на теоретичарите на завера дека не сме сами во вселената.

На фотографијата се гледа нешто налик на човечка фигура како го наместува роботот „Кјуриосити“, кој врши истражувања на Марс, а сенката која се надвила над роботот има човечки облик. Судејќи според фотографијата во прашање е машка фигура, која има одело, не носи кацига и се гледа дека има кратка коса, и дека на грбот држи шише со кислород.mars1-630x446

Покрај оние кои тврдат дека ова може да биде доказ дека постои живот надвор од Земјата, другите се уверени дека „Кјуриосити“ е веројатно на Земјата и дека фотографијата е снимена додека го чистат роботот.

– Ово го поткрепува фактот дека таквите работи демнат од сенка и си играат со нашата фантазија – рекол Никгел Вотсон, автор на прирачникот за НЛО истрагите.

Да потсетиме, врз основа на податоците кои „Кјуриосити“ ги собрал, научниците во декември утврдиле дека на Марс има метан, но дека неговата концентрација во атмосферата е многу променлива.

Метанот на Марс го покренува прашањето на постоењето на некогашните или сегашните прости облици на живот. Тој, исто така, би можел да биде и производ на геолошки извори, падот на комета или нешто сосема друго.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1