Зошто цел свет полуде по оваа Нокиа стара 16 години?!


Дилерите на дрога не сакаат да користат смарт телефони, туку се вртат кон оние старите, а наводно омилен модел им е Нокиа 8210.

Британските медиуми тврдат дека криминалците во Бирмингем се свртеле кон обичните телефони како би ја избегнале полицијата. Не ретко се продаваат телефони со мали пукнатинки во замена за овој телефон наместо пари.nokia telefon mobilen

-Имам три Нокиа 8210 телефони и преку нив полицијата не може да ме лоцира, а и долго им трае батеријата. И верувам на старата Нокиа – рекол еден дилер.

Овој телефон не поседува ГПС кој се наоѓа во сите смарт телефони, како ни блутут, НФЦ или бежичен интернет.

Затоа овие телефони се популарни и денеска се продаваат како алва.

Интересно е што овој телефон денес чини околу 30 фунти, што е многу за технологија стара 16 години.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1