Отсега може да се испраќаат пари преку Gmail


Имејл-сервисот „Џи-мејл“ на „Гугл“ воведува опција за трансферирање пари меѓу корисниците

Опцијата засега е овозможена само за корисниците од Америка, но наскоро таа ќе биде пуштена и во Велика Британија и во остатокот од Европа.

internet kompjuter yahoo gmail
Закачувањето пари на е-пораката се прави на сличен начин како и прикачувањето документ, преку посебна икона со симболот на британската фунта. Но за да се испратат или да се добијат пари, потребно е корисникот да има отворено сметка во дигиталниот паричник на „Гугл“ (Google Wallet), дигитален сервис за трансферирање пари, кој, пак, е поврзан со кредитната или дебитната картичка на корисникот.
Парите што се на сметката од дигиталниот паричен сервис на „Гугл“ ќе може да се користат и за купување апликации од „Гугл плеј“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1