ШОКАНТНА исповед на фудбалер: Барале да си го убие синот – Црна магија, перверзија (Видео)


Поранешниот фудбалер на селекцијата на Брегот на Слоновата Коска Жил Јапи Јапо одлучи со јавноста да го сподели она што 13 години го криеше од другите.

-Сега Господ ми е претседател, Исус Христос спортски директор, а Светиот дух тренер, вели Жил Јапи Јапо, откако преживеал пекол на приватен, но и професионален план.Жил-Јапи-Јапо

Коленото му е смачкано и прашање е дали некогаш повторно ќе може да се врати на теренот, но сепак тоа не е најстрашниот детал во кариерата на стоперот на Цирих. Искусниот дефанзивец во деновите по ужасната повреда која ја заработи на мечот со Арау одигран на 9-ти овој месец, кога на него стартуваше Сандро Визер одлучи да проговори за она што го криел цели 13 години од другите.

Премотувајќи го филмот и враќајќи се на фудбалските почетоци, некогашниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска вели дека преживеал пекол и дека тој најлош период од неговиот живот се поклопува со оној период кој требаше да биде најсветол.

Во 2001.година тој стигнал во Беверен, клуб познат по афирмацијата на младите играчи.
-Брзо станав познат, заработував многу пари, што секако ми отвори многу врати, но не ми донесе ништо добро. Само грев, перверзии, порнографија и мастурбација. Освен фудбалот, во тоа време тоа беше мојот живот, вели Жил Јапо кој заработи скршен менискус и скршена чашка на коленото, а лигаментите му беа скинати по бруталниот старт на Сандро Визер од Швајцарија, познат како Касапот.

Како што тоа е случај со спортистите кои лесно доаѓаат до големи пари, така и талентот на Јапо почнал да се движи во непознат правец. Толку брзо што не знаеше што го чека наредниот ден, па дружењето со проблематичните луѓе замалку не го платил со својата глава.

-Се загубив во тој свет кога еден мој познаник ме внесе во светот на црната магија. Бев опкружен со лоши луѓе, за две години морав да им дада 200.000 швајцарски франци (околу 166.000 евра). Секако паднав во финансиски проблеми, го загубив тлото под нозете, а дури размислував и за самоубиство, вели фудбалерот.

За време на престојот во Швајцарија сменил три клуба Јанг Бојс, Базел и Цирих, но пред доаѓањето на последната дестинација, кусо време мораше во Дубаи, веројатно со намера да избега од оние кои го „бркаа“.

-Се освестив дури кога луѓето ми рекоа дека поради црната магија морам да го приложам мојот син како жртва. Мојата тогашна девојка, а сега сопруга ми помогна и секако тргнав по Божјиот пат. Сега сум верник, Господ ми е претседател, спортски директор ми е Исус Христос, а Светиот дух ме тренира, заврши Жил Јапо.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1