БАНКА ДАВА НАГРАДА: 50.000 евра за „кодошење“ на колегата


Награда од 50.000 евра би можеле да добијат оние вработени во најголемата словенечка банка кои како „дошепкувачи“ ќе пријават колега заради неправилности во работењето особено во службата која некои ја нарекуваат „внатрешна полиција“.

Иако против ова веќе протестираше синдикатот на вработените во Нова Љубљанска банка (NLB), а и некои банкари сметаат дека се работи за неетички пристап, формирањето на внатрешната контрола го брани Рок Прапротник, некогаш член на владината антокорупциска комисија. Тој е ставен на чело на споменатиот оддел, кој официјално се нарекува Центар за хармонично работење, во кој има 17 вработени.

novac-pare-mito-1391561780-440269

„Награда добива само оној кој со своја информација ќе спречи да дојде до поголема штета за банката“, вели Прапротник кој тврди дека слични оддели кои ги стимулираат „дошепнувачите“ имат компаниите на Западот и дека станува збор за меѓународна  практика.

„Награди за дошепнувачи нуди и американски ФБИ“, изјави Прапротник за Словенечката телевизија, додавајќи дека не гледа во поблем во тоа што се работи за најголема словенечка банка која е во државна сопственост.

„Државните компании мора да бидат уште поодговорни во заштита на имотот од можна штета“, вели Прапротник.

За сега нема податоци дали оваа висока награда некому е исплатена, но откако е формиран Одделот на Прапротник проследени се 43 случаи до полицијата за кои имало сомневање дека се сторени казнени дела.

 

Поранешниот претседател на надзорниот одбор на NLB, Франц Архар смера дека давањето награда за информација за можни неправилности во работењето нема законска поткрепа.

 

„Таквата пракса во банкарството е непозната, а секако дека по закон секој е должен да пријави незаконски работи и тоа без парична награда“, вели еден од најискусните банкарски експерти во Словенија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1