ПО БАРАЊЕ НА РУСИЈА: Kарпош ќе постави споменик на Јуриј Гагарин


По барање на Руската Федерација, Општина Kарпош на својата територија ќе постави споменик на Јуриј Гагрин, светски познатиот воен пилот и космонаут, човекот што прв летна во вселената во далечната 1961 година. Советот на Општина Kарпош на завчерашната седница ја усвои Програма за одбележување значајни настани и истакнати личности со спомен-обележја на подрачјето на Општина Kарпош.

Jurij Gagarin_1371199227_670x0
Од Општината Kарпош информираат дека амбасадата на Руската федерација во Македонија поднела барање до Општина Kарпош за поставување споменик на Јуриј Гагарин во паркот Македонија, кој се наоѓа на улицата што го носи неговото име и е на територијата на Kарпош.

Засега од Општината не откриваат детали за тоа кој ќе го гради споменикот и со колкави димензии ќе биде.

Портпаролот во Општината Kарпош, Виолета Цветковска, вели дека споменикот ќе биде донација од руската амабасада.

– Наскоро, на некоја од следните седници Советот на Општината треба да донесе одлука за поставување на споменикот. Во таа одлука ќе се посочат точната локација на поставување на споменикот, податоци за тоа кој ги обезбедува средствата и детали и параметри за градбата и просторот. Одлуката ќе биде составена од графички и текстуален дел – изјави Цветковска.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1