Шокантна изјава: Лекарите да имаат право да ги убијат децата со посебни потреби при раѓањето


Чешки научник, член на Научниот совет на Министерството за труд и директор на Институт за социјални работи ја шокираше јавноста во Чешка, со изјавата дека при раѓањето на деца со посебни потреби, Законот треба да им овозможи на лекарите без дозвола од родителите да можат да го прекинат неговиот живот

hirurg lekarСпорниот текст, на Мирослав Митлохнер беше објавен во Списанието за право од областа на здравството и биоетиката, издаван од Институтот за држава и право на чешката Академија на науките.

Во него, Митлохнер се посветил на правните и етичките проблеми при раѓање на деца кои имаат сериозни здравствени проблеми и за кои се смета дека немаат надеж за подобрување.

Тој, пишува дека Законот би требало да предвиди жените кои носат такви деца да имаат должност да ги абортираат поради како што вели „приоритетниот интерес на здравата популација“.

Во случај сериозно хендикепирано дете да биде родено, за неговата судбина треба да одлучува лекарот без барање мислење и согласност од родителите, додава Митлохнер.

Тој, смета дека општеството успеало да најде хумано решение, за дозволен абортус во случај на откриени проблеми и развојни дефекти на фетусот и затоа препорачува да „се најде храброст за прекинување на животот веднаш по раѓањето“.

– Очигледноста и често пати бизарноста на овие суштества многу пати доведува до прашање дали чудовиштето е навистина човечко суштество и како да се постапува со него, продолжува авторот во студијата која ја шокираше чешката стручна и широка јавност.

Советот на хендикепираните лица веднаш реагираа барајќи Митлохнер да биде изземен од членството на Научниот совет на Министерството за труд и социјална политика.

– Ваквите размислувања се  исти како нацистичките сфаќања на лекарите кое беа следбеници на д-р Менгеле. Означувањето на лицата со хендикеп во 21 век, како изроди е недозволиво.  Да се работеше за друго малцинство одамна ќе имаше луѓе кои протестираат, но кога се работи за хендикепираните, тоа никому не му пречи, се вели во соопштението на Советот на лицата со посебни потреби.

Седумдесет и осумгодишниот научник поднел оставка во Институтот за социјални работи, а раководството на Универзитетот на Храдец Кралове во чиј состав е Институтот, соопшти дека ќе се испитува неговата студија, бидејќи е откриено дека е заснована врз текст кој уште претходно бил објавен во 80-те години на минатиот век.

Истовремено, Институтот се огради од ставовите во студијата на Митлохнер.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1