Шокантна снимка: Хулигани се изживуваат врз старица (ВИДЕО)


Романската полиција трага по насилниците од оваа шокантна снимка на која се гледа како малтретираат постара жена која најверојатно има психички проблеми.

izivljavanje-nad-staricom-1396632866-473815-480x324На потресната снимка се гледа како еден од нив ја граба исплашената старица. Тој ја врти во круг, додека таа вреска во паничен страв.

Видеото е направено пред бар во селото Јилава во романскиот округ Илфов, надалеку од главниот град Букурешт. По малтретирањето жената заминува, додека групата момчиња се смее.

Таа се обидува да побегне, видно дезориентирана, но тие ја стигнуваат и повторно и повторно исто се изживуваат.

Пријателите кои гледаат скандираат: Врти ја повеќе, Фати ја повторно. Тоа е многу кул – и старицата на крајот си оди преплашена до смрт.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1